Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер, вели Бухова

од Берта Китинска

Градоначалникот на Охрид Пецаков најави дека ќе ја тужи д-р Ирена Бухова откако реагираше зошто тој како ковид позитивен излегол на Водици меѓу луѓе додека чекал резултати од ковид тестирање.

-Законот за заштита од заразни болести пропишува дека лице кое оди да се тестира на присуство на ковид задолжително до добивање на резултатот треба да биде изолирано дома, вели д-р Бухова во изјава во Утрински Брифинг.

Во врска со пандемијата во земјата само половина од населението во Македонија е вакцинирано, а 80 отсто од оние кои се хоспитализираат не се вакцинирани.

-Не може доктор и некој што знае медицина да биде антиваксер, но немаме законски начин да го санкционираме тоа, вели д-р Бухова.

Слични содржини