Не се во пријателски односи: Меган ги исфрли Кардашијанки

Меган Маркл и принцот Хари ги исфрлиле Крис Џенер и кланот Кардашијан од А-листата на славни со кои сакаат да се дружат. Парот моментално бира кој ќе биде во нивна близина, додека го започнуваат својот нов живот во Канада. На подолгиот список на ТВ водители, филмски актери и други познати личности, Крис Џенер не е наведена како некој со кој Меган и Хари би сакале да поминат време.

„Меган е задоволна со бројот на познати на А-Листата па мора да биде внимателна со кого ќе поминува време“, открил извор за магазинот Heat.

Крис, повеќе пати се обидела да организира состанок со Меган и Хари, но изворот вели: „Меган за сега одлучи да се дистанцира од Кардашијанки“.

Слични содржини