Нехигиенски навики кои им пречат на луѓето околу вас

од desk2

Ова се најчестите лоши навики во основната лична хигиена и однесување кои треба да ги смените што е можно побрзо, затоа што тие им пречат на луѓето околу вас.

Носење чевли без чорапи

Носењето чевли без чорапи можеби изгледа убаво, но мирисот е непријатен. Лекарите велат дека чорапите ги намалуваат непријатните мириси и ја впиваат потта.

Чистење на забите само со четка и паста

Доколку сакате да имате свеж здив, користете конец за заби и средство за плакнење на устата. Пастата за заби не е доволна за здравјето на непцето и за свеж здив.

Не го миете шишето за вода после секое пиење

Многумина од вас постојано го користат истото шише за вода, а тоа е нехигиенска и опасна навика. Важно е да бидете хидрирани, но треба да го миете шишето пред секое користење за да спречите појава на бактерии.

Не ја покривате устата кога кашлате или кивате

Изненадувачки е фактот дека еден од четири луѓе не ги покрива устата кога кива или кашла. Со оваа лоша навика може да пренесете бактерии на луѓето околу вас доколку имате грип, на пример. Покривајте ја устата и спречете го ширење на бактериите.

Слични содржини