Почетна / Спорт / Нејмар е здрав, наскоро започнува со тренинзи во ПСЖ

Нејмар е здрав, наскоро започнува со тренинзи во ПСЖ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар се опоравува од повредата на коленото и треба да започне со тренинзи со тимот на почетокот од следната недела.

Според „Фигаро“, дефанзивецот Тома Муние исто така се опоравил од повредата и се вратил во главната група.

Во исто време, играчите од средниот ред Марко Верати и Андер Ерера продолжуваат да бидат аут од составот.

Италијанецот треба да се врати на тренинзите до крајот на следната недела, а датумот за опоравување на Шпанецот сè уште не е утврден.

loading...