Нема да има надоместок за оштетените покриви и возила

од desk2

Сопствениците на оштетените автомобили нема да добијат оштета од градот по невремето кое турна дрвја и ги столчи нивните автомобили, објави телевизија Телма.

Искршени ветробрански стакла, каросериски штети, а некои од оштетните автомобили ќе завршат и на буниште. Ветерот дуваше со брзина над 80 километри на час, и не може да биде исплатена штета, велат од кризниот штаб на Град Скопје формиран по бурата.

„Луцијан“ е името на бурата која во Македонија навлезе од север, ги корнеше и деценските дрвја. Булеварите останаа блокирани, сообраќајот пренасочен, а дрвјата се сечаа со моторни пили.

покривите го издржаа ветерот, освен неколку на постарите станбени згради. Најсериозна опасност предизика уривањето на заштитната ограда на трговскиот центар „Беко“ којшто се урива, но во тој момент немало работници и механизација.

Слични содржини