Нема да ја срушат: Австрија одлучи што ќе прави со родната куќа на Хитлер

од Stefanija Kuzmanovska

Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау на Ин ќе биде полициска станица и образовен центар каде што идните австриски полицајци ќе бидат подучувани на темата на човековите права, објавија денеска австриските и германските медиуми.

„Уривање или музеј не доаѓа предвид. Полициска станица и едукативен центар за полициски службеници е соодветна намена која ја задоволува моралната, политичката и правната димензија на ова место“, вели историчарот Оливер Ратколб од експертската комисија која се занимаваше со прашањето за намената на зградата во која во 1889 година бил роден идниот германски диктатор Адолф Хитлер.

Адолф Хитлер живеел тука со семејството само неколку месеци по неговото раѓање. Зградата во центарот на Браунау на Ин, која се наоѓа веднаш на границата со Германија, е во сопственост на државата од 2017 година.

Слични содржини