Ќе може да ја тепаш жената, но само еднаш годишно

Во случај да законот биде конечно донесен, домашното насилство нема да се смета за кривично дело, туку за административна прекршување. Сепак постои ограничување – дозволеното “потшлапување” на брачниот партнер е еднаш годишно.
Во јули минатата година претседателот Владимир Путин го декриминализира насилството кое не предизвикува вистинска физичка траума.
Новиот закон е поднесен од пратеничката Елена Мизулина, претставник на партијата “Праведна Русија” и претседател на парламентарната Комисија за прашањата на семејството, жените и децата. Таа е и еден од активистите на борбата против геј-пропагандата во руското општество.
Според Мизулина досегашниот закон е “антисемеен и е за исконскоото право на родителите да ги тепаат своите деца.”
Според статистика на руската влада 40% од сите тешки злосторства се случуваат во семејството, а 36 000 жени и 26 000 деца се жртви на тепање од страна на партнерите / родителите секоја година.