Денеска е денот Д за Груевски и за Заев. Се расчистува дилемата околу пржинскиот договор, што значат обврските а што пишаното на парчето хартија кое многу често досега власта знаеше да го нарече тоалетна. Бејли и Орав денеска како реперезенти на  меѓународната заедница и гарантори на договорот од Пржино ќе ни кажат какви се условите за фер и демократски избори на 24 април.

бејли и орав влада

Амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли денеска  ќе ја соопштат оценката на меѓународната заедница за тоа дали има услови за одржување фер и демократски избори на 24 април, информираа  од амбасадата на САД во Скопје. Тие во изминатите недели  имаа контакти и разговори со сите инволвирани во процесот , со граѓански здруженија, институти, аналитичари , ги анализираа медиумите, расположението на јавноста , беа внатре на преговорите и денеска ќе ја кажат реалната проценка – нема / има , односно ќе им кажат на партиите да се договорат за нов датум. Ја оценуваа ситуацијата во три области за подготовката за изборите и тоа ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, медиумите-балансирано известување и договорот на четирите партии за реформи во медиумите, одвојувањето на државата и партиите, како и притисоци и закани

  А јасно е дека  домашната задача не е завршена , односно двете клучни работи за избори прочистувањето на избирачкиот список и медиумските реформи не се завршија. Последно ,  работната група за спроведување на договорот од Пржино не успеа да најде компромис за реформите во медиумите, еден од суштинските  услови, за фер и кредибилни избори.

Последните случувања оолу кривичните пријави кои ги поднесе Специјалното јавно обвинителство за изборни манипулации покажуваат дека избирачкиот список се наоѓа во многу лоша состојба. Јавната обвинителка Фатиме Фетаи соопшти дека во истрагата е утврдено дека некои лица се фотографирани во еден град, а лична карта добиле во друг град, а се вметнати во избирачкиот список. Откриени се и сомнителни 15 илјади матични броеви и 60 илјади државјанства, а неподигнати биле 35 илјади сомнителни лични карти.

„Од една страна 24 април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино“, рече пред два дена Орав. Американскиот амбасадор Бејли  поконкретен во изминативе денови „Нема реформи, нема услови -Нема избори“

ЕУ и САД денес ќе порачаат дека нема услови за кредибилни и фер избори на 24 април

Јасно е дека нема услови за оддржување на фер избори за датумот 24 април. , исто колку што е јасно дека фер избори мора да има. Јасно е дека  причината за потпишувањето на пржинскиот договор беше да се овозоможи процес, реформи на системот за да се дојде до фер пристап и фер борба за избори и  на крај и датумот. Инаку,  ако беше само за избори, ВМРО ДПМНЕ можеше да си ги распише  сама, да си изгласа распуштање како што си изгласа,  и да си тера сама и без Пржино и без опозицијата  само да си  ја потврдува власта

Услови нема за фер избори , а ако се продолжи со реформите, средување на избирачкиот список и медиумите ,  за некој месец и без одлагање на истите,  може и ќе мора да се оди на друг датум велат повеќе меѓународни претставници кои од страна неутрално ги гледаат приликите.

Сигурно е дека попладнево и официјално тоа ќе им биде тоа препорачано на партиите.ахмети-3-

Е нов момент за Груевски е сега што неговиот колиционен партнер Ахмети , сега лидерски  настрон по последната средба во  американската амбасада изјави дека не е битен 24 април туку договорот на четирите партии за избори.

Лидерот на ДУИ  по тричасовната средба со амбасадорот Бејли во американската амбасада во Скопје, , првпат во прв план го стави консензусот на четирите партии за датумот на изборите, наспроти датумот 24 април.

Тоа значи дека сега Заев и Ахмети ќе можат комотно да го  разбудат Груевски  и да му разјаснат што ќе значи ако сам реши да оди на 24 ти, и што ќе значи нов договор и нов датум за изборите, откако денеска тоа ќе го препорачаат Бејли и Орав.

Слични содржини