Неносењето одлуки, немањето храброст и одлучност нема да ја помрдне земјата ниту еден милиметар, порача Ковачевски од Атина

од Vladimir Zorba

Пред 20 години претставници на Македонија овде беа Бранко Црвенковски и сега веќе покојната Илинка Митрева и ова е најдобро место од каде што треба да се испрати порака дека неносењето одлуки, немањето храброст и немањето одлучност нема да ја помрдне земјата ниту еден милиметар, истакна за МИА премиерот Димитар Ковачевски по средбите во Атина и учеството на неформалната вечера посветена на 20-годишнината од Солунската агенда, а организирана од неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Освен учеството на вечерата заедно со лидерите на ЕУ и лидерите на уште седум земји од регионот, Ковачевски се сретна со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и со претседателката на Молдавија Маја Санду, додека пак за денеска е закажана средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Гледате дека кај нас има сѐ уште политичари, како што имаше и во минатото во однос на тоа дека не треба да се носи таква одлука, и дека требало да се чека, па дури и лидерот на опозицијата ќе изјави дека тој е спремен да чека и 10, и 20 итн години. Најдобра потврда како изгледа чекање седење во чекална е токму овој состанок овде, бидејќи солунскиот состанок се одржа пред точно 20 години. На солунскиот состанок пред 20 години дел од Западен Балкан беше Хрватска, тој беше Самит -ЕУ со Западен Балкан, а во Западен Балкан беше и Хрватска. Ние со Хрватска заедно ја започнавме зачленувањето, пристапувањето кон ЕУ во 2006 година, истакна премиерот.

Слични содржини