Нермин ги планирал убиствата, полицијата откри грозоморни детали од масакрот во Градачац

од Stefanija Kuzmanovska

Нермин Сулејмановиќ кој денеска во Градачац ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, 23-годишен млад човек и неговиот татко, кои ги познавал од порано, планирал да ги изврши убиствата, покажуваат првите податоци од истрагата.

Како што рече на прес-конференцијата Хајрудин Механовиќ, српскиот министер за внатрешни работи, денешните убиства не биле случајни.

„Настанот е поврзан со криминалното милје од нивното подрачје. Не станува збор за случајни, туку планирани убиства на лица со кои убиецот имал некаква врска“, рече Механовиќ.

Тој рече дека денешниот масакр можел да добие многу поголеми размери.

„Денеска полицијата го заштити семејството на жената, луѓето со кои работел, луѓето со кои можеше да биде во конфликт. Верувам дека спречивме исходот да биде уште полош“, рече министерот.

Механовиќ додаде дека Сулејмановиќ немал список на жртви, но дека младиот човек и неговиот татко, кои биле убиени, биле во одредена врска со убиецот.

„Жената што ја убил имала дете со него, а двајца мажи со него имале одредени односи, кои се поврзани со нивната ќерка, односно сестрата на убиениот млад човек. Имале судски процес. Единствена случајна жртва е полицаецот кој беше ранет“, наведе министерот.

Да потсетиме, Сулејмановиќ прво ја убил сопругата, а видеото од бруталното убиство беше објавено на Инстаграм. После тоа отишол во градот, каде во близина на кафуле пукал во 23-годишен млад човек, додека жртвата била во своето возило.

Потоа пукал кон таткото на младиот човек, а потоа и кон неговата мајка. Младиот човек и неговиот татко починале од повредите, додека мајката со тешки повреди е пренесена во болница. Во крвавиот напад Немир Сулејмановиќ ранил полицаец и уште едно лице.

Детето кое го добил со невенчаната сопруга за среќа остана неповредено.

Да потсетиме, убиената Низама Хеќимовиќ претходно го пријавила Сулејмановиќ за семејно насилство, но подоцна од страв ги повлекувала пријавите. Последната пријава била упатена пред три дена.

Слични содржини