Несторовиќ: Ако Западот се грижеше за здравјето на луѓето, ќе ја земеа руската вакцина која постои од април

од Vladimir Zorba

Српскиот епидемиолог, д-р Бранимир Несторовиќ за ТВ Пинк вечерва изјави дека ако Западот навистина се грижел за здравјето на луѓето, ќе ја земеа руската вакцина која постои од април.

Според него прашањето е дали вакцината треба да се избере врз основа на одобрение од ЕУ.

„Фајзер“ и „Модерна“ користат нова технологија, никогаш не користена, руската, оксфордската и кинеската користат стара технологија, земајќи го адено вирусот. Залудно се расправаме за вакцините, ќе добиеме малку од нив. Во САД, вакцинирани се 272.000 луѓе за пет дена, што е мала бројка. Проблемот е од политичка природа. Вие ќе бидете вакцинирани со руска вакцина, но нема да ве пуштат во ЕУ затоа што не ја признаваат руската вакцина. Прашањето е дали вакцината треба да се избере врз основа на одобрение од ЕУ. Имаше шест сериозни реакции на вакцината „Фајзер“. Станува збор за купување време додека не се смири пандемијата, не може да има многу повеќе бранови, вирусот мора да исчезне. Нема пандемија што трае подолго од две години. Руската вакцина е во оптек од април, ако Западот се грижеше за здравјето на луѓето, тие ќе ја земеа, но тие не сакаа да ја примаат руската вакцина по никоја цена. Путин им понуди на САД бесплатно да се вакцинираат со вакцина од Русија, но тоа беше одбиено. Фармацевтската индустрија намириса дека ова е добра работа“, истакна Несторовиќ.

Слични содржини