Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со барања за поднесување оставка по последниот објавен корупциски скандал.

Тој веќе кажа дека нема да поднесе оставка откако вчера против него беше покренато обвинение за примање поткуп, измама и кршење на довербата, пренесоа британските медиуми.

Седумдесетгодишниот лидер на десничарската партија Ликуд ги негира сите кривични дела што му се ставаат на товар и обвинението го оценува како „обид за државен удар“.

Неговиот главен политички ривал, лидерот на коалицијата „Сино и бело“, Бени Ганц, преку соопштение го повика веднаш да си поднесе оставка.

Според израелскиот закон, премиерот нема обврска да поднсеува оставка, но бидејќи Израел брзо оди кон оддржување трети избори за помалку од една година, Нетанјаху може да се најде во многу тешка позиција.

Поддршката на неговите колеги од партијата ќе биде клучна за опстанокот на Нетнјаху на власта,наведуваат британските медиуми.

Оделни министри од неговата влада издадоа соопштение во која ја дадоа својата поддршка, а министерот за правда Амир Охана дури изјави дека е горд што пратениците на Ликуд застанаа зад својот лидер, додавајќи – „освен двајца“.

Ултранационалистичкиот партнер на Нетанјаху во Владата, министерот за транспорт  Безалел Смотрич, исто така, изрази поддршка за премиерот. Тој на Твитер напиша дека планираните улични протести во знак на поддршка на премиерот имаат за цел да ги спречат „грабливите, насилните и опасните правосудни диктатори“.

По синоќешното телевизиско обраќање до нацијата Нетанјаху денеска на Твитер постави срце и израелското знаме и под тоа напиша „Ви благодарам за вашата подршка и љубов, Шабар Шалом“.

Слични содржини