Нетанјаху му нареди на Мосад да цели на лидерите на Хамас, каде и да се

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да ги пронајде членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство.

„Му наложив на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се тие“, изјави Нетанјаху на синоќешната прес-конференција.

Тој одговараше на оценката на новинарите дека лидерот на Хамас, Исмаил Ханије и Калед Машал, неговиот претходник, се „еуфорични“ поради војната и очекуваат да продолжат да владеат со Газа кога таа ќе заврши. Двајцата живеат во странство.

Повеќето високи членови на Хамас живеат во егзил, главно во Катар и Бејрут, главниот град на Либан.

Мосад беше обвинет за серија убиства во странство не само на палестински екстремисти, туку и на ирански нуклеарни научници во последниве години.

Слични содржини