Невиден хаос пред УФЦ дербито Конор Мек Грегор – Дастин Поарие: „Жената ти сака да ја види својата коса околу мојот пе**с“

од Stefanija Kuzmanovska
471 прегледи

Во недела следува нов судир на познати УФЦ борци, а тоа го најавија Конор Мек Грегор и Дастин Поарие со неколку хаотични сцени.

Имаше сè и сешто на официјалната прес-конференција.

А и после неа.

„Сакам да му ја откинам главата, да му го пробијам телото со удари, тоа е целта. Ова е крај за него“, рече Мек Грегор во своето воведно обраќање, меѓу другото.

Поарие, кој го загуби првиот меѓусебен меч со нокаут во првата рунда во 2014 година, а го доби вториот со нокаут, во јануари 2021 година, само се насмевна и рече „дека Конор умеел да биде и подобар од тоа“.

Но, бидејќи Ирецот не престана да провоцира, неговиот противник рече:

„Нема да биде брзиот Конор, туку Конор кој спие (нокаутиран)“.

Мек Грегор, со неколку споменувања на сопругата на ривалот (дури и со зборовите „таа е мажот во твојот брак“), пред да се фотографира за заедничка фотографија, зеде шишиња со врел сос кои ги произведува Поарие, ги истури на сцената и ги фрли, а сè „зачини“ обидувајќи се да го клоцне противникот:

Кога ривалите се разотидоа, Дастин Поарие го коментираше објавувањето на фотографијата на Ирецот на Твитер: „Твоите зборови се меки како твојата коса деновиве. Се гледаме наскоро“, на што Конор Мек Грегор одговори крајно грубо:

„Жената ти сака да ја види својата коса околу мојот пе**с! Така е. Јас го кажав тоа што го имав, не зборував глупости. Како маж со маж. Го видов твоето интервју со Мајк, мислиш дека (она што го зборував)е лага. Не. Размисли за тоа во сауната“, истакна ирскиот борец пред големата УФЦ борба.

Слични содржини