НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати се сите 16 сојузни држави

од Vladimir Zorba

Во Германија е зголемен бројот на невработени поради послабата економија. Ова ќе продолжи оваа година во сите 16 германски сојузни покраини, според Институтот за истражување на пазарот на труд и занимања (IAB), пренесува германската агенција за печат (dpa).

Според прогнозата од истражувањето објавено во петокот, бројот на невработени најмногу ќе се зголеми во Баден-Виртемберг, со стапка на невработеност од 6,6 отсто. Следат Хамбург со 6,1 и Баварија со 5,8 отсто.

Институтот очекува најмал пораст на бројот на невработени во Долна Саксонија и Северна Рајна Вестфалија, со 2,9 односно 3 отсто.

Експертите предвидуваат најмал удел на невработени за Баварија, 3,5 и Баден-Виртемберг, 4,1 отсто. На спротивната страна се Бремен со 11 и Берлин со 9,4 отсто.

Слични содржини