Невреме создава проблеми при акцијата за спасување на третиот исчезнат Македонец

од Vladimir Zorba

Невреме создава проблеми при акцијата за спасување на третиот исчезнат Македонец на Халкидики.

Двете лица кои беа исчезнати заедно со Мартин, беа спасени вчера и завчера, но по третиот Македонец се уште се трага.

Денеска се очекува на Халкидики да пристигне и семејството на Мартин од САД, објавија грчките медиуми.

Спасувачките екипи се борат со невремето и силните ветрови кои ја отежнуваат потрагата.

Штом се подобрат временските услови, се очекува спасувачите да фрлат подводен дрон во водата што значително ќе помогне во потрагата.

Слични содржини