Никогаш не е кажано дека ќе се укине финансиска поддршка за плати, вели Битиќи

од Берта Китинска

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната прес- конференција напомена дека во новиот јавен повик  можност имаат да аплицираат трговските друштва и приватните здравствени установи.

– Овој повик следи по повикот на ФИТР кој беше дел од третиот пакет, а сега е втора мерка од петтиот пакет. Трговските друштва и приватните здравствени установи ќе може да бидат дел од добивањето на грантови. Малите здравствени установи би учествувале со 30 посто од средства, а доколку се од средните со 40 проценти.Со ваквите повици се стимулираат нови иновативни решение, изјави Битиќи.

На прашањето дали дали  Владата ќе продолжи со субвенционирање на плати како мерка за превенција од ковид кризата, вицепремиерот рече дека таа поддршка нема да прекине.

– Финансиска поддршка за плати никогаш не е кажано дека ќе се укине. Повторувам дека финансиска поддршка за плати ќе има. Моделот кој ќе го прифатиме ќе биде тема на дискусии и затоа веќе 10 дена комуницираме со синдикати и комори и најверојатно за брзо време ќе донесеме одлука,рече Битиќи.

Слични содржини