Оваа Германка се пораѓала шест пати и тоа секојпат самостојно. Овојпат бебето го роди во дворот, а тоа го сними и го стави на Youtube.

Сара Шмит, до сега ги има родено Јохан, Џонатан, Емануела, Елизабет, Константин и Киран, сите во природа.
За “The Sun” 36-годишната мајка вели дека се откажала од студиите по медицина за да стане мајка, а тоа некако и довело до одлуката децата да не ги раѓа в о болница, затоа што претходно видела како изгледа тоа и си рекла дека таа тоа не може да го направи. Првиот пат се породила со помош на бабица, а потоа исчитала тон литература и станала речиси експерт за породување.
Еднаш дури се породила и сама во шума.
Нејзиниот сопруг ја поддржува во тоа, а со него ги надминува своите ставови. Последното породување го снимила во дворот, а другите деца си играат околу неа. Вели снимката ја направила за да ги научи децата од каде и како 0оаѓаат бебињата на свет. Видеото е прегледано повеќе од 800.000 пати.
Видеото може да го погледнете овде