Никола Димитров оствари средба со Борел и Клеман Бон

од Ивана Рамаданова
246 прегледи

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел, како и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Од Министерството за надворешни работи велат дека на средбата со шпанскиот министер и иден висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Борел, биле разменети мислења за неколку теми, со акцент на очекувањата за временската рамка за ратификација на Пристапниот протокол на Северна Македонија кон НАТО, со оглед на претстојните избори во Шпанија, како и за европската перспектива за регионот, ЕУ аспирациите на Северна Македонија и следните чекори по октомврискиот Европски совет.

Притоа, се додава во соопштението, стана збор и за последиците од исходот на Самитот за земјава и регионот, можниот развој на настани во регионален контекст, како и за приоритетите во работата на високиот претставник на ЕУ.

„Министерот Димитров, посакувајќи му на Борел успех во извршувањето на претстојната значајна функција, изрази надеж дека за време на неговиот мандат ќе дојде до суштинско и мериторно придвижување на земјите од регионот кон ЕУ, истакнувајќи дека: „европски Западен Балкан е заеднички стратешки интерес и на ЕУ и на нашиот регион“, стои во соопштението.

Слични содржини