Николоски: Во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и АА има чесни луѓе

од Nikola Popovski

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска при посетата во Битола истакна дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе локалната власт во општината веднаш ќе се зафати со работа, а пред се најважно на носење на нови инвестиции и работни места.

-Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со Алијанса на Албанците-АА е коалиција за борба против организираниот криминал и корупција. Соработката со ААА е базирана на оваа основа, затоа што криминал и корупција има во Битола, во Тетово, во Струмица и Радовиш, но и во Гевгелија и во Скопје, и тоа беше принципот на коалицирање. Ние нема да дозволиме криминалот и корупцијата да продолжат да владеат и во следните четири години, вели Николоски.

Николоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има одличен тим и кандидат за градоначалник во Битола позади кои стојат бројни експерти и кои уште а почеток ќе започнат да реализираат 10 крупни проекти за Битола.

-Тие направија се за да не се случи коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците и Алтернатива, затоа што на двете страни има чесни луѓе, додава Николоски.

Слични содржини