Николова: Владата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја – тоа е сериозна мерка

од Nikola Popovski

СДСМ и коалицијата, преку институциите кои ги предводат и Владата, преземаат навремени мерки за заштита на стандардот на граѓаните и обезбедување на соодветно количество енергија и храна за престојната зима. За граѓаните да бидат заштитени да може да го издржат притисокот семејните буџети Владата односно државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните. Тоа е сериозна мерка со што граѓаните плаќаат само околу 20% од цената, информира денеска на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

Таа појаснува дека во моментов сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помалу приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

-Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија. Со последната одлука, обезбедени се нови 50 милиони евра на ЕСМ, да може дополнително да го зголеми производството. Со Ребалансот на буџетот резервиравме 76 милиони евра за нови мерки за помош, рече Николова.

Пратеничката нагласи дека „од друга страна е опозициската ВМРО-ДПМНЕ,  седат на страна, кочат, најавуваат нови блокади на Собранието, одмагаат наместо да им помогнат на граѓаните, на државата“.

-Тоа е истиот тој Мицкоски, кој останува запаметен како најнеуспешен директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика во владата на Груевски. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски без енергетска криза и со многу ниски цени на светските брзи, цената на струјата беше зголемена за 100%, а се набавуваше електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната, изјави Николова на прес-конференција.

Слични содржини