Николовски: Чулев е опасност за здравјето на граѓаните, оставка веднаш

од Vladimir Zorba

„Наќе Чулев ќе остане запаметен по неодговорното, несериозно и незрело однесување во време на сериозна здравствена криза. Заради теснопартиски и популистички интереси, Чулев по налог на Христијан Мицкоски директно поттикна непочитување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот“,пишува генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Сметката од неговиот несериозен однос, стигнува деновиве преку бројките на новозаболени. Заради таквото неработење Чулев мора веднаш да поднесе оставка. Справувањето со последиците од коронавирусот бараат одговорни, сериозни и професионални личности на раководни позиции. Чулев не е ништо од тоа. Граѓаните и полицајците мора да се ослободат од непрофесионалниот однос на Чулев. Оставка веднаш“,додава тој.

Слични содржини