Николовски: Граѓаните ќе можат да се пензионираат со 64 години

од Nikola Popovski

Конечно, граѓаните ќе можат да се пензионираат со навршени 62, односно 64 години и 15 години стаж! За спокојна старост и место за новата работна сила, објави вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, откако во Собранието, пратениците ги изгласаа измените на Законот за работните односи.

-Остваривме уште едно, многу важно ветување од предизборната програма! Продолжуваме посветено, додава Николовски.

Ова решение остава можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Продолжување на работниот однос до 67 години, под строго дефинирани критериуми и постапка, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование.

Законот ќе почне да се применува од 30 јуни 2022 година.

Слични содржини