Николовски: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување на пензиите се шарени лаги

од Nikola Popovski
402 прегледи

Прво, нема правна основа. За да биде покачување од 5000 денари, треба во Собранието да се промени Законот за усогласување на пензиите. Не може така од ракав. Како второ, нема економско оправдување. Ако ги дадат наеднаш тие, треба да се дадат 330 милиони евра од Буџетот и тоа се големи пари. Тоа се чисто шарени лаги, вели претседателот на Партијата на пензионери, Илија Николовски за ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување на пензиите за 5000 денари доколку дојдат на власт.

Според Николовски, треба да се стимулира минималната пензија и да има разумен процент.

-Ние сега помеѓу минималната и најголемата пензија имаме сооднос од 1:6 што е многу. Пензионерите да не гледаат многу во високите пензии, тие се многу малку, помалку од еден процент. Партијата на пензионери ќе се залага да се ублажат условите за добивање на земјоделска и социјална пензија. Ние сме единствена држава во регионот каде што имаме социјална пензија, кажа Николовски во емисијата на „Слободен печат“.

Слични содржини