Ниту мини-фустани, ниту голи стомаци: Каков дрес-код е задолжителен на свадбата на Вељко и Богдана?

од Elena Daskalova

Во недела, на 24 ноември, синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, ќе го каже судбоносното „да“ на неговата избраничка Богдана Родиќ, која веќе е во третиот месец од бременоста.

Како што дознаваат српските медиуми, на свадбата се поканети 500 гости, а на поканите е наведен претпочитан дрес-код, елегантни костуми за мажи и свечени фустани за женските гости. Она што, наводно, семејствата на младенците го бараат од гостите, е да нема мини-фустани, голотија, деколтеа, голи стомаци…

Свеченоста ќе се одвива на највисоко ниво, ќе присуствуваат голем број јавни личности, па затоа и семејствата Ражнатовиќ и Родиќ одлучиле на поканите да го наведат пожелниот стил на облекување.

За сите детали се грижат и двете семејства, но според блиски пријатели на Ражнатовиќ, Цеца е онаа која е најмногу ангажирана и цело време им помага на Вељко и Богдана, за да биде сигурна дека сè ќе помине во најдобар ред и без инциденти.

Српската јавност веќе извесен период ја нарекува оваа свеченост свадба на деценијата.

Слични содржини