Нивото на радиоактивност на водата испуштена од Фукушима во „безбедни“ граници

од Stefanija Kuzmanovska

Примероците од морска вода земени по испуштањето на отпадна вода од уништениот нуклеарен реактор Фукушима покажаа нивоа на радиоактивност во безбедни граници, соопшти во петокот операторот TEPCO, пренесе АФП.

Почетокот на ослободувањето во четвртокот на околу 1,34 милиони тони вода, собрани на лице место за 12 години откако објектот беше уништен од цунами, ја поттикна Кина да го забрани целиот увоз на јапонски морски плодови.

TEPCO изврши, како што рече, брзи тестови во четвртокот попладне, откако започна ослободувањето во Тихиот Океан, а во петокот објави дека резултатите покажале дека нивоата на радиоактивност се во безбедни граници.

„Потврдивме дека анализираната вредност е еднаква на пресметаната концентрација и дека анализираната вредност е под 1.500 bq/L“, изјави на прес-конференцијата портпаролот на TEPCO, Кеисуке Мацуо.

Бекерел на литар е мерка за радиоактивност. Стандардот за национална безбедност е 60.000.

Резултатите беа „слични на нашата претходна симулација и доволно под“ безбедносната маржа, додаде Мацуо.

Слични содржини