Ноќеска започнува светиот месец Рамазан

од Vladimir Zorba

Во 3 часот и 10 минути по полноќ, муслиманските верници ќе го започнат светиот месец Рамазан. Освен што е месец на постот, тој е и месец на објавувањето на Куранот. Првиот ифтар во овој месец е утре вечер во 19 часот и 54 минути. По 30 дена постење, муслиманите ќе го прослават празникот Фитр Бајрам, кој оваа година паѓа на 15 јуни. Ќе се слави два дена, пишува Алсат М.

„Постот е еден вид едногласен договор за пренесување на заеднички пораки. Целиот муслимански свет пости и преку овој чин овој свет докажува дека е способен да се жртвува доброволно за да покаже дека има непоколеблива посветеност кон Семоќниот Создавач. Сведочи дека има љубов и сочувство кон суштествата на Милостивиот Бог, сведочи дека постои свест и хумана душа за да ја загрее и погали душата на секое суштество на Апсолутниот Бог“, изјави Сулејман Реџепи, Поглавар на ИВЗ

Слични содржини