Носителот на изборната листа „Србија против насилството“, Мирослав Алексиќ најави поднесување барање до изборните комисии за поништување на изборите на сите нивоа

од Radmila Tasevska

Носителот на изборната листа „Србија против насилството“, Мирослав Алексиќ, најави дека правниот тим на таа листа вечерва ќе поднесе колективен приговор до Републичката, Покраинската и Локалната изборна комисија со барање за, како што рече, поништување на изборите на сите избирачки места и на сите нивоа.

На третиот по ред протест пред Републичката изборна комисија (РИК) поради наводна изборна кражба, Алексиќ рече дека рокот за поднесување приговори до изборните комисии истекува вечерва во 20:00 часот, јави Бета.

„Нашите правници кои се во тие органи за спроведување на изборите ќе бараат поништување на изборите на сите нивоа“, изјави Алексиќ, кој заедно со носителката на изборната листа „Србија против насилството“ Мариника Тепиќ, штрајкува со глад од понеделникот навечер во просториите на РИК во Белград.

Алексиќ оцени дека на протестите пред РИК се бранат „слободата и основните човекови права“.

Претседателот на српската Републичка изборна комисија Владимир Димитријевиќ  изјави дека РИК не е надлежна за барањето поднесено од коалицијата Србија против насилството за поништување и прегласување на изборите во Белград. Тој на седницата на РИК рече дека се обидел да укаже на законските претпоставки и посочи дека поднесеното барање не е уредно и законски не може да се разгледува на седницата на РИК, што е апсолутно ненадлежна.
Мариника Тепиќ од коалицијата „Србија против насилството“, која штрајкува со глад во зградата на РИК, вели дека РИК е надлежна да ги поништи изборите за кои оваа коалиција тврди дека се украдени.

„РИК е надлежен да го поништи извештајот на локалните изборни комисии за збирните резултати од изборите доколку тие не се во согласност со законот. А, бидејќи имаме докази дека не се, РИК има можност да го поништи извештајот за збирните резултати“, нагласи Тепиќ.

„Нашето барање ќе остане… Димитријевиќ како експонент на СНС се обидува да ги збуни граѓаните со разни маневри и правилни толкувања. РИК е надлежен, и РИК, како и ГИК и работиме на две полиња“, рече Тепиќ.

Слични содржини