Нов анти-рекорд по број на заразени со коронавирус во САД

од Vladimir Zorba

Бројот на нови случаи на заразени со коронавирус во САД во изминатите 24 часа достигна 45.224 лица, пренесува Ројтерс.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, бројот на смртни случаи на КОВИД-19 во земјата надминал 125.000. Според универзитетот, во САД се пријавени 2.467.510 случаи на заразени во текот на целиот период на пандемијата, а повеќе од 663 000 луѓе се опоравија.

Претходно, претседателот Трамп објави дека во позадина на растот на новите случаи со коронавирус, се намалува бројот на починатите во земјата.

Слични содржини