Нов директор на ДПИ ќе се избере кога ќе се врати премиерот

од Берта Китинска

Вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски, , изјави дека нов директор на Државниот пазарен инспекторат ќе биде избран кога премиерот Зоран Заев ќе се врати од европската турнеја,

– Нов директор ќе биде именуван кога ќе се врати премиерот од европската турнеја на една од владините седница, рече вицепремиерот.

Причина за отворениот судир кој исплива на површина меѓу премиерот Зоран Заев и директорот на Држаниот инспекторат Стојко Пауновски беше прераспределбата на „рамковните“ службеници.

Откако Пауновски одби да прими дел од административците поради несоодветно образование, премиерот му порача дека „пркос“ не е дозволен и дека ќе биде побарано негово разрешување. Проблеми со прераспределбата на овие кадри имаше и во други институции (МВР, УЈП), но таму во меѓувреме се спроведуваат или безбедосни процедури или системски измени со цел да се прилагодат работните места на стручната подготвеност на кадрите.

Слични содржини