НОВ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: По експлозијата, пукање во метро станица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Турските медиуми јавуваат дека уште еден напад се случил во Истанбул.

Според турскиот весник „Хабарерк“, нападот се случил на метро станицата Шишхане во Истанбул. Според турскиот весник, полицијата ликвидирала едно лице.

По инцидентот граѓаните се засолниле во околните дуќани.

Според медиумите, еден од трговците рекол дека се слушнале околу 100 истрели и дека тоа траело една минута.

Да потсетиме, денеска одекна силна експлозија на популарното шеталиште во најголемиот турски град Истанбул.

Според последните информации шест лица го загубиле животот, а 53 се повредени. На интернет кружат застрашувачки видеа од местото на експлозијата, а објавена е и снимка од безбедносна камера која го покажува самиот момент на несреќата.

Слични содржини