Нов небесен феномен: Еве какви промени `не очекуваат!

од Берта Китинска

Во одреден момент, ќе се чувствувате како да сте на вистинскиот ролеркостер од емоции.

Новата месечина паѓа на 13 март, истиот ден како и спојот на Венера со Нептун, и тие се оддалечени само на три степени. Токму оваа астро комбинација ни носи еден предизвикувачки период, а влијанието на оваа нова Месечина ќе го почувствуваме во следните 4 недели.

Тие најмногу ќе влијаат на полето на љубовта, па можно е оние кои се слободни да запознаат личност која ќе ги заинтригира, но бидете внимателни. Оваа млада Месечина е поврзана со предизвикувачката стационарна sвезда Маркаб. Постои можност да бидете поранливи во овој период, што може да доведе до скршено срце и разочарување.

Некои можеби ја гледаат вашата љубезност како слабост и се обидуваат да ве искористат, затоа бидете внимателни во комуникацијата и размислете трипати пред да ја отворите душата некому.

Емпатијата ќе биде изразена кај сите, па може да има ненадејни промени во расположението. Во одреден момент, ќе се чувствувате како да сте на вистинскиот ролеркостер од емоции. Опкружете се со позитивни луѓе кои ќе ви помогнат да го „поминете“ овој предизвикувачки астро-период.

Овој астро период носи ризик од измама и разочарување. Затоа, важно е да не се претерува со идеализацијата на романтичните потези.

Слични содржини