Нов проблем за Барселона – Агуеро си заминува?

од Vladimir Zorba

Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро би можел да ја напушти Барселона по само два месеци.

Агуеро е разочаран и се чувствува измамен дека нема да игра со својот кум Лионел Меси во Барселона, и затоа сака што поскоро да ја напушти Шпанија.

Каталонската телевизија Бевети, пренесува дека Агуеро бара начин да го раскине договорот по само два месеци во редовите на каталонскиот гигант.

Аргентинецот одлучи дека не сака да игра за Барселона без Меси, и им соопштил на адвокатите да најдат начин да го раскинат договорот со клубот, пренесува каталонската телевизија.

Агуеро го напушти Манчестер Сити по 10 години и дојде во Барселона како слободен играч.

Се чини дека поранешниот играч на Индепедиенте и Атлетико Мадрид нема да остане долго во Барселона.

Слични содржини