Нов рекорд на Роналдо

од Vladimir Zorba

Кристијано Роналдо продолжува да руши рекорди во дресот на португалската репрезентација.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед постигна три гола синоќа, достигнувајќи вкупно 115 гола во дресот на репрезентацијата на 182 натпревари, што само го зголеми рекордот како најефикасен европски играч во дресот на репрезентацијата.

Сепак, за Кристијанo ова беше воедно 58-ми хет-трик во кариерата и десетти во дресот на репрезентацијата.

Ниту еден играч пред него нема постигнато толку пати „хет-трик“ во дресот на една репрезентација.

Следниот натпревар Португалците ќе го одиграат со Република Ирска пред решавачкиот дуел со Србија, кој ќе одлучи која репрезентација ќе се квалификува директно на Светското првенство во Катар 2022 година.

Слични содржини