НОВ ШОК од Суарез: Ја турна раката меѓу нозетe на противникот и го притисна (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Луис Суарез не престанува да ја шокира јавноста со своите потези на теренот. Уругвајскиот напаѓач повторно имаше неразбирлив потег на натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Челси, за кој требаше да добие жолт, па дури и црвен картон!

Челси на крајот победи со одличниот погодок на Оливије Жиру, а Суарез водеше голема битка со стоперот на „сините“, Антонио Ридигер, во текот на целиот натпревар.

На крајот, бидејќи не успеа да постигне гол и се одвои од германскиот репрезентативец, Суарез во еден момент ја турна раката меѓу нозете на дефанзивецот и го стисна за внатрешноста на бутот!

Тоа не беше сè, бидејќи во еден момент по дуелот кој го имаа овие двајца фудбалери, играчите на двата тима мораа да реагираат за да ги разделат. Останува да видиме дали дисциплинската комисија на УЕФА ќе го разгледа ова и ќе разгледа казна за Суарез.

Се разбира, ова не е прв инцидент направен од страна на Уругваецот.

Слични содржини