Нов земјотрес во Турција

од Radmila Tasevska

Нов земјотрес денес ја погоди централна Турција.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран на длабочина од 10 километри.

Според ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 56 километри од Кахараманмараш, еден од најтешко погодените градови во јужна Турција. Овој град беше еден од најтешко погодените на 6 февруари, кога Турција беше погодена од два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала.

Според последните податоци, бројот на жртви во Турција и Сирија надмина 41.000, но се стравува дека тоа не е конечната бројка. Спасувачите од Турција, но и од другите делови на светот сè уште се обидуваат да најдат преживеани под урнатините.

Слични содржини