Нова герила акција: Во центарот на Скопје се појавија џиновски папучи со порака „Седете дома“

од Берта Китинска

Денеска во центарот на Скопје османа нова герила акција.

Уметничката акција Седете дома е намента да им помогне на граѓаните да истраат во fizichkata излолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата.

Папучите претставуваат синоним за останување дома но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во Скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно.

-Со оваа акција како и со предходната акција (Држете дистанца) сакаме да ги охрабриме граѓаните да издржат во оваа за сите нас многу важна битка но и да покажеме дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните и дека сите мора да бидеме сплотени за да си го вратиме животот во нормала.Како и предходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре на сите нас, велат авторите.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.

 

Слични содржини