Нова Каледонија: Ајкула усмрти турист на плажата Шато Ројал

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиски турист е убиен во напад на ајкула на преполна плажа во Нова Каледонија, француска колонија во Меланезија во југозападниот дел на Пацификот, објави денеска „Гардијан“.

Плажите во Нуомеа беа затворени откако 59-годишен маж почина во неделата по неколку каснувања од ајкула.

Мажот, наводно, пливал во близина на понтон на околу 150 метри од плажата Шато-Ројал во главниот град Нуомеи кога ајкулата го нападнала, соопштија властите.

Слични содржини