Нова студија открива колку трае природно стекнатиот имунитет!

од Stefanija Kuzmanovska

Претходна инфекција со ковид 19 значително го намалува ризикот од нова инфекција, создавајќи десетмесечен имунитет на корона, наведува студијата на научниците од Универзитетот во Лондонскиот колеџ (UCL) спроведена на одделенијата и персоналот на домовите за стари лица.

Студијата, објавена вчера во „The Lancet Healthy Longevity“, открива дека жителите на старечки домови, кои претходно биле заразени со ковид 19, имале скоро 85 отсто помалку шанси да се заразат повторно во периодот од октомври до февруари, отколку оние кои не биле заразени, пренесува „Ројтерс“.

Персоналот на оние домови кои се заразиле со инфекцијата има околу 60 отсто помали шанси да се заразат повторно.

– Навистина е добра вест што природната инфекција штити од повторна инфекција во овој временски период. Ризикот од двојна инфекција се чини дека е многу мал – рече главната истражувачка Марија Крутиков од Институтот за здравствена информатика при UCL.

Охрабрувачки е и тоа што претходната инфекција со ковид 19 обезбедува високо ниво на заштита за жителите во домот, со оглед на претходните грижи дека овие лица може да имаат послаб имунолошки одговор како резултат на возраста.

Во студијата учествувале 682 жители на домови за стари лица со просечна возраст од 86 години и 1.429 вработени во домови за стари лица, според британската агенција.

Слични содржини