Нови детали од раскинувањето на Шакира и Пике: Фудбалерот се каел и сакал да се смират

од Stefanija Kuzmanovska

Публиката ужива во одмаздничките стихови на познатата Шакира кон Пике и уште повеќе ја интересираат деталите за раскинувањето што го изненади светот во април 2022 година, а неодамна беше откриено дека Пике се обидел да се смири со колумбиската ѕвезда.

Имено, Шакира во еден момент во песната вели: „Нема да се смирам со тебе, ниту да ми плачеш, ниту да ме молиш“, а сега се откри дека таа не зборувала хипотетички.

„Пике зажали што ја остави и одлучи да се обидат повторно“, изјави за магазинот Marca новинарот Џорди Мартин, кој детално ја следеше нивната врска повеќе од една деценија.

„Од луѓе блиски до Шакира слушнав дека раскинале во април минатата година“, наведува новинарот.

Меѓутоа, Жерар Пике наводно многу брзо сфатил дека згрешил, па решил да се обиде да се смири со мајката на неговите синови Милан и Саша, но залудно.

„Еден месец подоцна се покаја и се врати дома, но не им успеа и решија засекогаш да раскинат. Клара и тогаш беше во игра“, изјави Мартин.

Тој исто така тврди дека Пике и порано ја изневерувал Шакира и дека таа му простила, но овој пат нешто било поинаку бидејќи пејачката сфатила дека Клара Чија „не е само уште една во низата“.

Слични содржини