НОВИ СНИМКИ од несреќата на Зеленски: Се извлекуваат повредените од автомобил

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, рано утринава доживеа сообраќајна несреќа во Киев, јавува Си-Ен-Ен, но тој не е тешко повреден.

На местото на настанот веднаш пристигнале пожарникари, војска, полиција и брза помош и им пружиле помош на повредените.

Во видеото на почетокот на текстот можете да видите како припадниците на војската и итната помош ги извлекуваат повредените од возилото и им помагаат.

Несреќата се случила рано утринава во Киев, додека Зеленски со својот службен автомобил се враќал од Харков.

„Претседателот е прегледан од лекар и не се констатирани сериозни повреди“, соопштено е во меѓувреме.

На повредените им била укажана прва помош и со возило на Брза помош се пренесени во болница.

Причината за сообраќајната несреќа останува нејасна, а истрагата е во тек.

Слични содржини