Новиот Lexus UX како вселенски брод

од desk2

Јапонскиот производител Lexus започна да открива детали поврзани со новиот Lexus UX кој што наскоро ќе биде претставен во Женева.

Lexus објави неколку фотографии од новиот модел UX кој што наскоро пре

миерно ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева, Швајцарија.

Овој пат јапонската компанија одлучи да открие фотографија од внатрешноста на автомобилот која што слободно можеме да кажеме дека изгледа како внатрешноста на еден вселенски брод од научно-фантастичните филмови.

Инфотејнмент екранот е сместен над централната конзола, што му овозможува на возачот да има лесен увид во информациите кои што се прикажуваат на екранот, а притоа да не мора да го оттргнува вниманието од патот.

Останатите детали околу овој модел и натаму се чуваат во тајност, па ќе мора да ја почекаме официјалната премиера.

Слични содржини