Ново истражување: Короната се појавила во Кина кон средината на 2019

од Nikola Popovski
254 прегледи

Лабораториите во кинескиот град Вухан драматично го зголемија снабдувањето со опрема за ПЦР -тестови во втората половина на 2019 година, што укажува дека короната се ширела низ Кина пред владата да го објави првиот случај на СЗО во декември 2019 година, покажа нова студија од Австралија.

Собраните податоци открија дека кинеската влада потрошила речиси двојно повеќе за ПЦР-тестови, кои се користат за откривање на вирусот, во 2019 година во споредба со претходната година. Односно, таа потрошила повеќе од четири милиони евра за опрема во 2018 година, во 2018 година, и речиси 80 милиони евра во 2019 година, пишува „Индипендент“.

Набавките драстично ги зголемиле четири институции: Народноослободителната армија болница, Институтот за вирологија Вухан, Универзитетот за наука и технологија Вухан и Центарот за контрола и превенција на провинцијата Хубеи.

Роберт Потер, кој го водел истражувањето, вели дека некои податоци за набавките може да се толкуваат како бенигни.

„Но, секако, сето тоа ја оспорува приказната дека вирусот се појавил во декември. Исто така, покажува дека е извршена значителна набавка на ниво на влада, Центри за контрола на болести и чувствителни лаборатории лоцирани во провинцијата Хубеи“, рече тој.

Студијата беше оспорена од кинеското Министерство за надворешни работи.

„Појавата на вирусот е сериозно научно прашање со кое треба да се занимаваат научниците“, истакнал рече портпаролот на министерството.

Други медицински експерти, исто така, му пристапиле на заклучокот на истражувањето со претпазливост. Д-р Амеш Адаља, научник во Центарот за здравствена безбедност Џон Хопкинс, изјави дека не ја знае конкретната причина за зголемувањето на набавките во провинцијата Хубеи во тоа време, но дека зголемувањето на ПЦР-опремата не е изненадувачки, бидејќи тие се користат за откривање на патогени, биолошки агенс кој предизвикува заболување и кога нема пандемија.

Слични содржини