„Новости“: Полицијата пронашла голема индустриска машина за мелење месо во бункерот на Беливук

од Nikola Popovski

Денес полицијата извршила претрес во викенди-куќата на екипата на Вељко Беливук со цел да најде повеќе докази.

Во тајниот бункер во викендичката на Веља Невоља во Ритопек, полицијата пронашла голема индустриска машина за мелење месо, ексклузивно дознава „Новости“.

Според информациите, постои основано сомнение дека оваа опрема била користена за монструозно отстранување на делови од телото на убиените противници на неславниот клан Беливук.

Ова укажува на ужасните методи на тортура што ги користеле соработниците на Веља Невоља против киднапираните ривали.

Извори на „Новости“ јавуваат дека во таа тајна просторија биле извршени ликвидации, а покрај споменатата машина биле пронајдени и неколку пиштоли, автоматски пушки, снајперска пушка и поголема количина муниција.

Слични содржини