Нудат слобода за 70 лица: Хамас подготвен да ослободи дел од заложниците, но има УСЛОВ

од Stefanija Kuzmanovska

Палестинската милитантна група Хамас соопшти дека ги информирала катарските посредници дека е подготвена да ослободи до 70 жени и деца кои се заробени во Појасот Газа во замена за петдневно примирје.

„Примирјето треба да вклучи целосен прекин на огнот и да овозможи испорака на хуманитарна помош ширум Појасот Газа“, изјави портпаролот на Хамас Абу Убаид, пренесе „Ројтерс“.

Тој ги обвини израелските власти дека избегнуваат договор по ова прашање.

На 7 октомври, кога започна нападот врз Израел, Хамас зеде како заложници повеќе од 200 луѓе и тие се во Појасот Газа.

Слични содржини