НУК: Иако има протоколи угостителите и понатаму не можат да организираат свадби

од Берта Китинска

Наместо владата побрзо да излезе во пресрет на укажувањата за недоследноста на промената на
постојните протоколи за работа на угостителски објекти и новите протоколи за организирање на
свадби/прослави и веселби ги доведува угостителите и организаторите на своите прослави во ситуација на постоење на протоколи и понатаму да не можат да организираат свадби/прослави
и веселби, влета од НУК независна угостителска комора.

-За точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането е организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од
објектот (пејачи/музички групи/диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели и музичарите и музичките работници преку здружението ЗУПМ МУЗИКА СЕГА побараа од Владата нивно укинување во целост со цел да им
се овозможи рамноправна можност на нивно работење и настапување во сите угостителски објекти. Нивните барање кои се воедно и дел од укажувањата со барањата на НУК се во целост подржани, како и нивното право доколку истите не бидат ислушани својот глас да го искажат и преку протест.

Дополнителен проблем со новите протоколи за организирање на свадби/прослави и веселби е и точката 7 со која угостителскиот објект во кој има прослава е должен да ја регистрира и пријави прославата во угостителска комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.

Само во текот на вчерашниот ден повеќе од десетина телефонски јавувања се однесуваа за пријава на угостителски објект согласно член 7 односно за регистрација и пријава на прослава во
т.н. Регистар кој го води угостителската комора. Со оглед дека ниедна комора во моментов не го води овој регистар на свадби, прослави и останати веселби ниту има овластување и обврска да го води, угостителите немаат можност и начин да организираат прослава во својот угостителски објект согласно новите протоколи без истите да бидат прекршени со што се доведуваат во стартот да бидат ригорозно казнети и затворени во случај на контрола од државниот пазарен инспекторат за непочитување на овие протоколи.

На овој начин угостителите и организатори на прослави се доведени во заблуда да и покрај постоење напосебни протоколи за организација на свадби/прослави и веселби истите и
понатаму неможат да се реализираат и оддржат.

Затоа Владата има за обврска и одговорност итно да ги промени проблематичните точки од протоколите на кои укажавме веднаш по нивното донесување со цел да се овозможи на
угостителските објекти да работат законски согласно препораките и протоколите за заштита и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од НУК.

Слични содржини