Нуркач ѝ пришол на голема ајкула, а тоа што го направила таа ги згрози сите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Нуркач го сподели урнебесниот момент кога голема бела ајкула извршила голема нужда покрај него додека тој снимал со својата подводна камера. Во клипот од три секунди, кој се емитуваше во документарецот на каналот Дискавери, нуркачот остана со лице полно со измет од голема бела ајкула.

Ајкулата може да се види како плива блиску до нуркачот, испуштајќи измет, што е токму она на што се надеваа д-р Чарли Хавенирс и неговиот тим биолози кога се обидоа да добијат примерок од изметот на џиновската ајкула.

Научниците сакаа да помогнат да откријат како голема бела може да биде одговорна за полуизедената мако ајкула пронајдена во Јужна Австралија. Снимката подоцна беше споделена на Инстаграм и собра повеќе од 6.700 лајкови.

Големите бели ајкули се месојади и можат да пораснат до околу 6 метри. Нивната исхрана главно се состои од фоки, морски лавови, делфини и риби.

Слични содржини