Обезбедување нападна аргентински новинар додека известувал од Мундијалот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Службени лица кои се грижат за безбедноста во Катар му забраниле на аргентински новинар да известува од Светското првенство.

Тој разговарал со навивачите на Аргентина кога се појави службеник со уште двајца мажи, по што новинарот Поло Алварез бил принуден да го прекине разговорот со навивач кој му кажувал колку е разочаран што нивната загубила од Саудиска Арабија.

Новинарот и неговата екипа го завршиле известување од задниот дел на автомобилот, а полицаецот му рекол дека таму му е забрането да снима бидејќи тоа е „приватно подрачје“.

– Бев исплашен и мислев дека ќе ме уапсат. Лицето кое го прекина снимањето излезе од комбето и на многу груб начин ни кажа дека повеќе не можеме да снимаме бидејќи сме на приватен простор, рекол Алварез, пренесува Avaz.ba.

Слични содржини