Обезбедувањето го исфрли Холанд од клуб во Норвешка! ВИДЕО

од Vladimir Zorba

Младата sвезда на светскиот фудбал, Ерлинг Холанд, не си помина убаво во својата татковина, Норвешка.

На социјалните мрежи се појави видео кое покажува дека е исфрлен од ноќен клуб.

Инцидентот се случил во саботата навечер, а 19-годишникот бил во главната улога.

Тој беше буквално избркан од клубот од страна на членовите на обезбедувањето, затоа што не сакал да ја почитува наредбата.

Сепак, на крајот, се откажа од намерата да влезе во угостителскиот објект.

Холанд зад себе има спектакуларна натпреварувачка година, најпрво одличен во дресот на Ред Бул Салцбург, а потоа својата одлична форма за постигнување гол ја префрли во Борусија Дортмунд.

Слични содржини