„ОБИЛЕН ПОЈАДОК“: Цеца покажа што јаде, трпезата е полна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Фолк sвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ може да се пофали со исклучително витка линија, па си даде малку пауза и утрово сподели калоричен и обилен појадок.

Имено, Цеца била гостинка на српскиот политичар Драган Марковиќ Палма, а притоа снимила и покажала што има на масата.

Во преден план биле колбасите и сланината, а Цеца се пошегувал со коментар:

– Обилен појадок кај мојот брат Палма.

Како што објавија дел од медиумите, Цеца седела веднаш до Палма со очила за сонце, а пејачот Џани покрај неа. Од другата страна, покрај Палма, седел политичарот Ивица Дачиќ.

Пред неколку дена беше објавена прес-конференцијата, а Палма тогаш рече дека граѓаните на Србија се заинтересирани за тоа како тој суши месо.

Слични содржини